logo
logo
logo

Мексикански градоначалник се ожени со алигатор, неколку пати ја бакна „невестата“ (ВИДЕО)

Vecer | 02.07.2022

Мексикански градоначалник се ожени со алигатор, неколку пати ја бакна „невестата“ (ВИДЕО)

Виктор Иго Соса, градоначалникот на Сан Педро Хуамелула, за време на вчерашната венчавка, неколку пати го бакнал алигаторот на муцка, кој бил врзан за да избегне несакани каснувања.

Се смета дека свадбениот ритуал потекнува од предхиспанските домородни заедници Чонтал и Хуаве во државата Оахака, како и молитва за благослов на природата.

„Бараме од природата доволно дожд, доволно храна и риба во реката“, рече Соса, градоначалник на малото рибарско село на брегот на Пацификот.

Оахака, лоцирана во сиромашниот југ на земјата, е област со богата автохтона традиција каде што многу групи тврдоглаво ги одржуваат своите јазици и традиции.

Вековниот ритуал во Сан Педро Хуамелула, денес помешан со елементи на католичката духовност, вклучува облекување на алигатор или кајман во бела венчаница со шарени украси.

Се верува дека седумгодишниот рептил, кој за оваа прилика го нарекуваат мала принцеза, го претставува божеството на мајката земја, а нејзината венчавка со локален водач го симболизира соединувањето на луѓето со божественото.

Звукот на трубите и ритамот на тапаните го надополнија празничното расположение за време на поворката во која некои од селаните во раце ја носеа невестата алигатор низ селото, додека други мавтаа со капите по неа.

„Се чувствувам среќна и горда на моите корени“, изјави Елиа Едит Агилар, кумата која ја организирала венчавката.

Таа рече дека се чувствува привилегирана што има можност да ја води церемонијата и додаде дека потрошила многу време одлучувајќи што ќе облече невестата.

„Ова е многу убава традиција“, додаде таа со насмевка на лицето.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk