logo
logo
logo

Меган Маркл донела одлука каде ќе се породи! Местото конечно никој не го бира...

Vecer | 03.04.2021

Меган Маркл донела одлука каде ќе се породи! Местото конечно никој не го бира...

Таа донела одлука

Војвотката од Сасекс Меган Меркел планира поразличен пороѓај за своето второ дете, девојче кое го очекуваат со британскиот принц Хари.

Извор близок на војвотката за медиумите открил дека Меган сака да се породи во нивната вила вредна 14,7 милиони долари во Монтесито.

- Го сака тој посебен момент овој пат да го доживее во својот дом – рекол изворот.

- Има преубав дом во Калифорнија, тоа е убав простор за раѓањето на нејзината ќерка – додал.

- Ако се роди во Америка, автоматски ќе има и американско државјанство, а преку таткото, принцот Хари ќе добие и британско. Изворот рекол дека Меган сакала и синот Арчи да го роди дома, но неможела бидејки и доцнел терминот за породување. Поради тоа породувањето се одвивало во приватната болница “Портланд“ во Лондон на 6 мај 2019 година.

Инаку, Меган и Хари за контраверзното интервју со Опра Винфри откриле дека нивното второ дете ќе биде девојче и дека ќе се роди во текот на летото. Парот несакал да каже за кое име размислуваат.

Инаку се повеќе се шпекулира во странските медиуми дека Меган би можела да се кандидира за американски претседател 2024 година ако Бајден одлучи дека не се кандидира за втор мандат, бидејќи тогаш ќе има 82 години.

- Таа се обидува да започне кампања, како и да собере тим за собирање пари за било која потенцијална кампања – рекол изворот.

- Поедини членови од демократската партија разговараат со Меган за нејзините политички амбиции и потенцијални гласачи – додал изворот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk