logo
logo
logo

Меган Маркл победи во судски спор против британски таблоид

Vecer | 02.12.2021

Меган Маркл победи во судски спор против британски таблоид

Споменатиот таблоид го тужела за кршење на приватноста бидејќи објавиле писмо адресирано до нејзиниот татко Томас Маркл. Адвокатите на војвотката од Сасекс рекле дека нејзиното писмо до нејзиниот татко во 2018 година било „многу лично“ и требало да се чува во тајност.

Апелациониот суд го отфрли обидот на Associated Newspapers, кој го објавува Mail On Sunday, да одржи судење за објавување делови од писмото на Меган што таа му го напишала на нејзиниот татко.

Благодарение на оваа одлука Меган Маркл не требало да се појави на судењето, каде како еден од сведоците би се појавил и нејзиниот татко Томас Маркл.

Судија на Високиот суд веќе пресудил во корист на војвотката претходно оваа година во случајот за нејзината приватност и авторски права. Објавувајќи ја својата одлука, тројцата судии кои ја разгледале жалбата рекле дека содржината на писмото е „лична, приватна и не е прашање од јавен интерес“.

„Ова не е победа само за мене, туку за секој кој некогаш се плашел да се бори за она што е правилно“, рече Маркл.

„Штетата што ја направија и продолжуваат да ја прават е голема“, додаде таа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk