logo
logo
logo

Меган Маркл ЛАЖЕШЕ кај Опра и лаже со години: Најдобрата другарка ја разоткри

Vecer | 09.03.2021

Меган Маркл ЛАЖЕШЕ кај Опра и лаже со години: Најдобрата другарка ја разоткри

Интервјуто на Меган и Харине престанува да ја интригира јавноста. Во разговорот со Опра, Меган во еден момент вели дека не знаела премногу за британското кралско семејство, со оглед на тоа дека живеела во Америка.

Но очигледно баш и не ја зборува вистината затоа што нејзината најдобра другарка Нинаки Приди, која и била деверица на венчавката со првиот сопруг Тревор Енгелсон, рекла дека знаеле многу повеќе од што тврди. Наводно, Меган и тоа како знаела кој е Хари и колку кралското семејство е важно во Британија. А според Приди, Меган била опседната со нив.

 

- Не сум шокирана. Како ова да го планираше целиот живот. Таа добива се што сака и Хари падна на нејзината глума, рекла Приди, кога беше објавено дека Меган ќе се мажи за Хари.

Инаку, Приди се наоѓа на познатата фотографија на Меган од тинејџерските денови, кога двете другарки позирале пред Бекингамската палата на патувањето во Лондон.

- Таа сака да биде новата принцеза Дајана, рекла огаш Нинаки Приди. - Кралското семејство ја фасцинираше. Не сум шокирана, па дури ни изненадена од ова што го слушам за неа и Хари. Го сакаше филмот „Дневникот на принцезата“ за обична девојка која станува дел од кралското семејство, многу и се допаѓаше таа идеја.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk