Хари и Меган ќе ја посетат и Германија како дел од нивното патување, за време на кое ќе поддржат „неколку важни добротворни настани“, рече нивниот портпарол. Двојката на 5 септември ќе го посети Манчестер за да присуствува на самитот One Young World, настан кој собира млади лидери од повеќе од 190 земји.

Војвотката од Сасекс е советник на организацијата, како и Џастин Трудо, Сер Ричард Бренсон и Џејми Оливер.

После тоа, тие ќе ги посетат игрите Invictus што ќе се одржат во Дизелдорф во 2023 година и настанот во рамките на натпреварот наречен One Year to Go. Потоа ќе се врати во Велика Британија за наградите WellChild на 8 септември.

Нивната посета на Обединетото Кралство е прва по прославата на платинестиот јубилеј на кралицата на почетокот на јуни. Портпаролот на парот рече: „Принцот Хари и Меган, војводата и војвотката од Сасекс, со нетрпение очекуваат да присуствуваат на неколку добротворни настани кои се важни за нив“.