logo
logo
logo

МЕДОТ КАКО ЗАМЕНА ЗА ШЕЌЕР? Ново истражување откри какви предности му носи на организмот

Vecer | 29.01.2023

МЕДОТ КАКО ЗАМЕНА ЗА ШЕЌЕР? Ново истражување откри какви предности му носи на организмот

Конзумирањето суров мед од еден извор на цвет може да ја подобри контролата на шеќерот во крвта и да го намали нивото на холестерол кога се зема во контекст на здрава исхрана, според една неодамнешна студија објавена во Nutrition Reviews, пренесува Fox News.

- Овие резултати се изненадувачки бидејќи медот се состои од околу 80% шеќер. Не велиме дека треба да почнете да јадете мед ако моментално избегнувате шеќер, ова се однесува повеќе за замената на засладувач. Ако користите шеќер, сируп или друг засладувач, заменувањето на тие шеќери за мед може да ги намали кардио-метаболните ризици, рече Таусеф Кан, постар истражувач во студијата и научен соработник за нутриционистички науки на Медицинскиот факултет Темерти на Универзитетот во Торонто, во соопштението до јавноста.

Истражувачите од Торонто спроведоа систематски преглед и мета-анализа на 18 клинички испитувања во кои беа вклучени над 1.100 учесници за да го утврдат ефектот на медот врз срцето и метаболичките фактори на ризик, се вели во соопштението на студијата.

- Во нашата студија ги комбиниравме резултатите од сите човечки испитувања на мед, кои ги проучуваа метаболичките болести - рече Кан.

Консумирањето мед е поврзано со пониски нивоа на гликоза во крвта, вкупен холестерол и триглицериди. Кан објасни дека големината на намалувањето на гликозата и холестеролот е „клинички многу мала“.

- Сепак, тоа покажува дека нема штета од земање мед и дека малото намалување може да биде и долгорочно корисно - објасни тој.

Кан истакна дека постои разлика помеѓу преработен и суров мед во однос на здравствените придобивки, па затоа објасни дека конвенционалната обработка на мед вклучува процедување и филтрирање, а потоа загревање за краток временски период за да се намали влагата и квасецот. Ова, вели тој, овозможува полесна манипулација со медот, но всушност го оштетува медот, а многу од неговите биоактивни соединенија го губат своето дејство.

Тој им препорача на луѓето да размислат да додадат мед во нивната исхрана доколку „уживаат во вкусот и сакаат да додадат разновидност на нивната севкупна нутритивна шема.“ Тој исто така истакна дека луѓето би можеле да експериментираат со замена на шеќерот со мед, но треба да имаат на ум дека медот има посладок вкус, па ќе бидат потребни помали количини.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk