logo
logo
logo

Медот храна и лек: ЛЕЧИ триста болести

Vecer | 22.04.2021

Медот храна и лек: ЛЕЧИ триста болести

Дали сте знаеле дека со медот можете да ги лечите изгорениците, отворените рани или мокрењето во кревет кај децата, а не само грлото и настинката? Знаете ли дека редовните консументи на медот се најдолговечни луѓе, а медарите и пчеларите се лица кои ретко заболуваат од малиген тумор?

Науката уште трага по тајните состојки на суровиот, непреработен мед од пчели, “виновни” за лековитоста на божјата храна. Досега е откриено дека медот содржи многу состојки што имаат антибиотско дејство, а забележано е дека кај одредени видови мед бактериите на можат да развијат одбранбен механизам.

Уште старите Египќани го забележале моќното дејство на медот во лечењето на раните, а во старите народни лекови како незаобиколна состојка присутна е барем една лажица мед. Медот, пред се, е составен од јаглехидрати и вода, а содржи и мали количества витамини и минерали вклучувајќи го и ниацинот, рибофламинот, пантотенската киселина, калциум, бакар, железо, магнезиум, манган, фосфор, натриум и цинк.

Новите истражувања говорат и за антиоксидантското дејство на медот. Фруктозата е една од најчестите состојки во повеќето видови мед. Така, тие видови мед можат да бидат послатки и од шеќерот. Поради јаглените хидрати во составот совршен е за земање пред тренинг. Најновите истражувања покажуваат дека медот е одличен и за тренинг на издржливоста.

Медот - природен лек за се

Ако измешате четири лажички мед и малку цимет во три филџани вода, ќе добиете многу вкусен чај со кој ќе ја замирисате не само вашата, туку и кујната на соседите. Лековитото дејство на оваа волшебна напивка е невозможно да се набројат, но ако почнете да го пиете секој ден, ќе ги почувствувате благодетите на овој народен лек. Ова е најдобриот лек за потенција кај мажите, а жените имаат чиста и мека кожа по само една недела користење.

Во Библијата е наведен како симбол на храна од небото, но и како грев на усните на куртизаните. Во келтската и старословенската култура незаобиколно е користењето на медот во комбинација со омилениот алкохолен пијалак. Кај нас медот не се користи многу во секојдневната исхрана. Затоа јадете мед и сладете се со божествениот вкус.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk