logo
logo
logo

Мечот на Наполеон е продаден за 2,8 милиони долари (ВИДЕО)

Vecer | 08.12.2021

Мечот на Наполеон е продаден за 2,8 милиони долари (ВИДЕО)

Предметите понудени од аукциската куќа Rock Island Auction Company со седиште во Илиноис биле продадени на 3 декември по телефон на купувач кој останал анонимен, изјавил за AFP претседателот на компанијата Кевин Хоган.

Вредноста на мечот и петте украсени пиштоли се проценувала на 1,5 до 3,5 милиони долари. За 2,87 милиони долари, „купувачот на колекцијата на Наполеон носи дома многу ретко парче историја“, рече Хоган.

Мечот бил „крунскиот скапоцен камен“ на колекцијата, тврдат аукционерите. Оружјето го изработил Николас-Ноел Буте, кој тогаш бил управител на државната фабрика за оружје во Версај.

Се верува дека по неговото крунисување како император, Наполеон му го подарил мечот на генералот Жан Андош Жуно, но сопругата на генералот подоцна била принудена да го продаде за да ги отплати долговите. Го пронашол лондонскиот музеј. Американски колекционер бил неговиот последен сопственик, но човекот починал неодамна, според аукциската куќа.

Славниот Корзиканец е еден од луѓето во француската историја кој предизвикува најголеми поделби бидејќи на неговиот огромен придонес во создавањето на модерна држава се спротивставува неговиот империјализам и воинственото однесување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk