logo
logo
logo

„Ме изневери со кумот, ден пред свадбата, ПА СЛЕДЕШЕ НОВ ШОК“

Vecer | 05.03.2021

„Ме изневери со кумот, ден пред свадбата, ПА СЛЕДЕШЕ НОВ ШОК“

Прељубата никогаш не е, ниту може да биде пријатна, но што да се каже кога ќе се дознае дека сопругата го изневерила сопругот со неговиот кум!

„Бев задоволен. Го обожавав нашиот хаотичен брачен живот и сопругата со која се оженив пред 15 години“, вели овој жител на Англија.

Додава дека се се распаднало кога дознал дека ден пред нивната венчавка сопругата го изневерила.

„Таа ме изневери со мојот кум. Целосно ме уништи “, вели тој и продолжува: „Открив случајно неодамна кога имавме мал коктел кај нас дома. Таа коментираше нешто чудно за мојот кум, а јас и одговорив: „Па, ти секогаш го сакаше, нели?“.

Вели дека изгледот на нејзиното лице бил одраз на чиста паника.

„Веднаш ми стана јасно дека нешто не е во ред и почнав да ја испрашувам. Помина некое време, но на крајот ми призна дека во пресрет на венчавката отишла кај него за подготовката за свадбата, но имале секс“, вели тој.

Сега е избезумен и се грижи што ќе биде со нивните две деца.

„Барам изговори за да излезам надвор, или ја средувам гаражата или ја чистам градината цел ден“, објаснува Англичанецот.

Посочува дека децата забележале дека нешто не е во ред, но се шокирал кога ја одбрале нивната мајка.

„Не можам да поднесам да бидам во иста просторија со неа. Таа ме замоли да разговараме, но јас не сум во можност да го сторам тоа.  Кога дознав за измамата, истрчав до куќата на мојот кум, и од вратата почнав да викам дека веќе не сме пријатели. Сепак, ми беше жал за неговата сопруга, која беше зад него, бидејќи сфатив дека таа не знае ништо за аферата на нејзиниот сопруг“, рече тој

На крајот од својата исповед додаде дека се чувствува како безвреден идиот.

„Сериозно размислувам за развод, бидејќи не гледам како би можел да и простам за ваквото предавство“, заклучи тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk