logo
logo
logo

За нив не постои љубов: Мажите родени во овие хороскопски знаци ќе ве измамат!

Vecer | 28.02.2021

За нив не постои љубов: Мажите родени во овие хороскопски знаци ќе ве измамат!

Астрологијата вели дека мажите родени во овие хороскопски знаци изневеруваат дури и кога се заљубени. Забележано е дека прељубата е во нивниот генетски код.

Еве ги знаците:

Овен

Дури и кога се во друштво на најблиски, нивниот поглед ќе лута и ќе бараат привлечна женска личност во близина, што е посилно од нив. Овните треба да ја шармираат и освојуваат секоја личност која му изгледа привлечна, дури и кога се во среќна врска. Нема никаква врска со емоциите, туку со потребата да се биде доминантен. Поканата за флерт никогаш нема да биде одбиена.

Близнаци

Близнаците обожаваат нови искуства и не знаат како да се одморат, бидејќи брзо им здосадува. Тие не се најверните партнери и секогаш сакаат да имаат некој во „резерва“. За Близнаците, флертувањето со други девојки е само игра, но тие скоро никогаш не се откажуваат од таа игра.

Лав

Лавот е премногу баран и бара совршенство кај својата партнерка. Ако врската „изгуби квалитет“, тој ќе почне да погледнува на страна без размислување. Тој не се согласува на компромиси, и наместо да го реши проблемот со својот партнер, тој ќе претпочита да бара утеха во флертувањето и кратки авантури.

Скорпија

Скорпиите се најстрасните знаци на зодијакот. Сексот им е исклучително важен во врската, па доколку почувствуваат дека немаат страст, ќе започнат авантура со првата личност на која ќе наидат. Ако имате Скорпија до вас, имате и многу причини да се сомневате.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk