Неговиот обид за измама бил забележан од медицинска сестра пред да му биде ставена вакцината. Откако проверила убаво, утврдила дека станува збор за лажна рака, направена од силикон.

Регионалната влада на Пиедмонт го осуди обидот на човекот да го измами системот.

„Случајот треба да биде класифициран како ‘смешен’, но е гест од огромно значење, неприфатлив за жртвите што целата заедница ги дава во пандемијата“, се вели во соопштението на регионална влада.