logo
logo
logo

Маж и жена од Нигерија донеле дете во Британија за да му ги продаваат органите

Vecer | 23.06.2022

Маж и жена од Нигерија донеле дете во Британија за да му ги продаваат органите

Нигеријскиот брачен пар  Беатрис Нванек Екверемаду (55) и Ајк Екверемаду (60) сакале да продаваат детски органи во Британија. Во соопштението на полицијата се наведува дека тие се обвинети за организирање или олеснување на патување на друго лице заради експлоатација или отстранување на органи, пренесува Гардијан.

На двете лица им е одреден притвор и подоцна ќе се појават пред Судот за прекршоци во Аксбриџ. Детето од овој случај е заштитено, соопштила полицијата.

Истрагата е покрената откако детективите биле предупредени во мај  годинава за потенцијални злосторства според современите закони за ропство, соопштила полицијата. Не се познати повеќе детали бидејќи се чека кривичната постапка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk