logo
logo
logo

Маск: Привремено суспендирано преземањето на Твитер

Vecer | 13.05.2022

Маск: Привремено суспендирано преземањето на  Твитер

Од социјалната платформа беше соопштено дека лажните профили или т.н. спам-сметки сочинуваат помалку од пет отсто од 226-те милиони дневно активни корисници, проценка што сега ќе биде предмет на проверка.

Маск на крајот на минатиот месец ја купи платформата за 44 милијарди долари.

Од  Твитер беше потврдено дека е постигнат купопродажен договор со Маск, по цена од 54,2 долари од акција. По завршувањето на трансакцијата компанијата ќе стане приватна сопственост. Согласно постигнатиот договор акционерите на Твитер ќе добијат 52,20 долари за секоја акција што ја поседувале во моментот на договорената трансакција. Куповната цена е за 38 отсто повисока од цената што акциите на Твитер ја држеа на 1 април годинава, последниот ден од тргувањето со акциите на компанијата, кога и Маск објави дека купил удел од околу девет проценти во Твитер.

Самата платформа се смета за „јавно дигитално местко каде се расправа за витално важни содржини за човештвото".

Маск инаку изјави дека слободата на говорот е темелна вредност на демократијата. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk