logo
logo
logo

Маск повторно е најбогат човек на светот, го престигна Французинот Арно

Vecer | 01.06.2023

Маск повторно е најбогат човек на светот, го престигна Французинот Арно

Нето вредноста на извршниот директор на Tesla и сопственик на Twitter сега се проценува на околу 192 милијарди долари.

Досега Французинот Бернар Арно, извршен директор на компанијата LVMH, беше на првото место на листата на најбогати луѓе на Блумберг со 187 милијарди долари.

Маск и Арно со месеци се борат за првото место на листата. Но, богатството на Арно падна откако акциите на LVMH вчера паднаа, според пресметките на Bloomberg.

Арно ја презеде лидерската позиција во декември минатата година, кога неговото богатство порасна благодарение на успехот во продажбата на луксузни производи. Ова помогна да се зголеми вредноста на акциите на LVMH. LVMH, како еден од најголемите светски конгломерати, е дом на престижни брендови како Луј Витон, Диор и Селин.

Маск, од друга страна, доживеа исклучително брз пораст на светската листа на богати во последните години бидејќи неговото богатство е директно поврзано со успехот на производителот на електрични автомобили Тесла. Неговото најголемо богатство доаѓа од акциите на компанијата, во кои тој поседува околу 13 отсто, наведува Блумберг.

Но, Маск не се поврзува само со Тесла. Тој е и извршен директор на SpaceX, компанија за истражување на вселената и сопственик на Twitter. Годинава акциите на LVMH пораснаа за 19,7 отсто, додека лани акциите на Tesla пораснаа за дури 65,6 отсто.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk