logo
logo
logo

Маск најави повторно отворање на суспендираните профили

Vecer | 25.11.2022

Маск најави повторно отворање на суспендираните профили

„Народот зборуваше, амнестијата почнува следната недела“, напиша Маск на Твитер додавајќи порака на латински јазик „Гласот на народот е гласот на боговите“ (Vox Populi, Vox Dei).

Маск пред два дена објави анкета со прашањето „Дали Твитер треба да понуди општа амнестија за затворени профили?, под услов корисниците да не го прекршиле законот и да не користат скандалозни „спам пораки“? Да/Не“.

Пет часа подоцна пристигнаа одговори од околу два милиони корисници, кои во огромно мнозинство гласаа „за“ повторно активирање на затворените профили.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk