logo
logo
logo

Марко е веќе оженет, сега сака УШТЕ ДВЕ ЖЕНИ - ЖЕНА МУ ГО ПОДДРЖУВА (ФОТО)

Vecer | 23.06.2021

Марко е веќе оженет, сега сака УШТЕ ДВЕ ЖЕНИ - ЖЕНА МУ ГО ПОДДРЖУВА (ФОТО)

Иако е во брак со Даниела од 2012 година, Марко Силва (35) од Келн наскоро планира да се ожени со своите девојки Камила и Џесика.

Бидејќи полигамијата е забранета со закон, Марко вели дека тројцата сакаат да организираат симболична венчавка со цел да ја зацврстат својата врска.

Инаку, Марко и Даниела имаат две деца, и тие се „отворено венчани“ (можат слободно да гледаат други луѓе).

А, Даниела му дала благослов на својот сопруг за „венчавката“ и како што вели, најважно за неа е што тој е среќен и дека воопшто не и пречи што уште две жени ќе се грижат за Марко и нејзините деца.

Силва ги запознал своите сегашни девојки (и двете 35 години) во 2019 година на разни забави, а според него, веднаш било јасно дека тројцата одлично се сложувале, иако тие две се хетеросексуалци и не се привлекуваат едни со други. Заедничко за нив е дека и двете се за заљубени во Марко.

- Камила и Џесика се добри пријатели и правиме многу работи како трио. Клучот за нашата врска е заедништво, како и поддршка на нашите семејства. Најмногу се плашиме дека нашите деца ќе бидат малтретирани на училиште поради нашите невообичаени односи, но ги едуцираме да веруваат во себе и да размислуваат за себе - вели Марко.

- Кога сме тројца заедно, луѓето секогаш се свртуваат кон нас. Жените изгледаат исплашени, а мажите се љубоморни. Сопрузите често ме прашуваат како најдобро да ја изразат својата желба за ваков вид на врска, под услов да останат во брак. Исто така, клучно е да нема љубомора во нашата врска. Ако имаме проблем, веднаш седнуваме заедно и се обидуваме да го решиме - тврди Силва.

- Ние воопшто не се сметаме за полигамисти. За нас, нашата врска е моногамна, со само три лица. Ние се сакаме и поддржуваме едни со други и нашата врска е многу повеќе од љубовен експеримент. Нашиот следен чекор е да живееме заедно и да имаме деца - заклучи Марко Силва.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk