logo
logo
logo

Марк Еспер го тужи Пентагон поради редактирање на неговите мемоари

Vecer | 30.11.2021

Марк Еспер го тужи Пентагон поради редактирање на неговите мемоари

Еспер го тужеше Министерството за одбрана поради цензурирање на делови од неговиот ракопис, јави Би Би Си.

Тој изјави дека е „разочаран" бидејќи му е прекршено правото на слобода на говор.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го назначи Еспер за министер за одбрана во 2019 година, но го отпушти веднаш по изборите во ноември 2020 година.

Книгата, која треба да биде објавена во мај 2022 година, е „искрен мемоарски текст" за времето поминато на чело на Пентагон, се наведува во тужбата на Еспер.

Тој ја обвинува службата што ја предводел 18 месеци дека „произволно" го уредувала текстот на мемоарите, кои според него се „клучни за важна приказна" која има намера да ја објави. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk