logo
logo
logo

МАПА НА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Наши соседи со најниска, Финска со највисока во Европа (ФОТО)

Vecer | 17.01.2022

МАПА НА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Наши соседи со најниска, Финска со највисока во Европа (ФОТО)

Нешнл џиографик Србија објави мапа на Европа, на која се прикажани просечните вредности на коефициентот на интелигенција за сите европски нации.

Мапата многу сликовито покажува како народите на Истокот, а особено на Балканот, се значително пониски по интелигенција од народите на Западот, а Србите, Црногорците и Албанците се меѓу „најглупавите“.

Ова, се разбира, доведе до дебата регионот. Мапата е создадена од чешкиот лингвист Јакуб Маријан и објавена на неговиот блог www.jakubmarian.com, користејќи податоци од истражување на Ричард Лин и Тату Ванханен.

Просечната интелигенција на граѓаните на Србија е 90, Македонија 91, Босна и Херцеговина 93, Хрватска 98, колку што е коефициентот на интелигенција во Словенија. Црна Гора 86, Албанија со 82, што е најнизок коефициент на интелигенција во Европа.

Истовремено, Грција и Бугарија имаат 93, Украина 94, Полска 96, Шпанија 97, а Русија 97. Во Западна Европа ситуацијата е подобра во просек, Франција и Норвешка 98, Германија, Шведска и Велика Британија 99, додека највисоката интелигенција е во Финска 101.

За потребите на мапата, овие бројки се земени од книгата Интелигенција, уникатна конструкција на општествените науки напишана од научниците Ричард Лин и Тату Ванханен.

Според табелата што ја добиле, состојбата во Европа е далеку подобра и порамномерна отколку во неразвиениот дел на светот, каде овие вредности понекогаш се под 70, додека, на пример, САД имаат просек од 97.

Оваа книга, покрај класификацијата на народите по интелигенција, укажува и дека коефициентот на интелигенција е во голема мера поврзан со перформансите на поединечни нации на тестовите како PISA или TIMSS, кои го мерат образованието на населението.

Меѓутоа, истражувањето на Лин и Ванханен на кое се базираат мапите, а особено во однос на потенцијалните последици од поделбата на народот на поглупави и попаметни, е остро нападнат од други научници како методолошки проблематични.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk