logo
logo
logo

Манекенка висока над 2 метра, се омажила за маж понизок 40 сантиметри!

Vecer | 11.06.2021

Манекенка висока над 2 метра, се омажила за маж понизок 40 сантиметри!

Манекенката Елисане Силва била висока 175 сантиметри кога имала само десет години. Таа продолжила да расте, па сега 26-годишната Елисане е висока повеќе од два метра, пишува Метро.

Нејзината висина нема никаква врска со генетиката бидејќи нејзината мајка Ана Марија Рамос е висока 162 сантиметри, а нејзиниот татко Луис 170 сантиметри. Тие подоцна откриле дека нејзиниот раст е предизвикан од бениген тумор на хипофизата, кој предизвикал прекумерно лачење на хормонот за раст и гигантизам.

"Дури и како десетгодишно дете, забележав дека нешто не е во ред, бидејќи јас бев единствената во моето семејство и одделение што имав неверојатни 175 сантиметри. Тоа беше шок за целото наше семејство, бидејќи јас бев највисокиот член на таква млада возраст “, изјави Елисане за Метро.

Откако една бразилска телевизија ја слушнала нејзината приказна, понудиле да ги покријат сите медицински трошоци за да се извршат неколку рутински тестови за да се открие зошто Елисан е толку висока.

Пред десет години го запознала Франсиналдо, кој ја запроси во 2011 година, а се венчаа во 2015 година.

"Во моментот кога го запознав, веднаш почувствував поврзаност, не ја ни забележав неговата висина. Франсиналдо е висок само 165 сантиметри, скоро 40 сантиметри понизок од мене, но не ми е гајле. Иако беше љубопитен за мојата висина и состојба, тој никогаш не искоментирал лошо и не ме осуди за мојот изглед “, вели манекенката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk