„Мамо зошто плачеш?“ - Приказна која мора да се прочита!

Едно момче ја прашало својата мајка :

„Зошто плачеш?"
„Затоа што сум жена." – му одговорила таа.
"Не разбирам." – рекло момчето.
Мајката само го прегрнала и кажала
„Никогаш и нема да разбереш."

Подоцна го прашало својот татко :
„Зошто мама плаче без причина ?"
"Сите жени плачат без причина" – било единственото што таткото можел да му каже.
Момчето пораснало, станало маж и сеуште се прашувало зошто жените плачат.
На крај го повикал Бог. Кога го добил, го прашал :
"Боже зошто жените толку лесно се расплакуваат ?"

Бог му одговорил :
"Кога ја создавав жената мораше да биде посебна.
И дадов раменици, доволно јаки за да ја носат сета тежина на овој свет, а сепак доволно нежна да може да пружа утеха.
И дадов внатрешна сила, да го поднесе раѓањето и одбивањето кое често пати го добива од своите деца.
И дадов цврстина која и овозможува да оди напред кога сите ќе се откажат, и да се грижи за своето семејство во период на болести и неволји без приговор.
И дадов чувствителност за да ги сака своите деца без оглед на сè, дури и ако нејзиното дете многу ја повредило.
И дадов сила да го носи својот маж низ неговите грешки и ја сочинив од неговото ребро за да го штити неговото срце.
И дадов мудрост за да знае дека добриот маж никогаш не би ја повредил својата жена, ама дека повремено ја тестира нејзината сила и одлучност постојано да биде покрај него.
И најпосле и дадов солзи за да се исплаче.
Тоа е само нејзино на користење кога и да и затреба.
Гледаш сине мој, убавината не е во облеката која ја носи, во нејзиното тело, или во начинот на кој се чешла."
Убавината на жената мора да се види во нејзините очи, бидејќи тоа е влезот во нејзиното срце – место каде што е љубовта.

Поврзани

Најнови вести

Коментари