logo
logo
logo

„Мамо, престани те молам!“ Нејзините деца не го поднесуваат ова, а Кејт Мидлтон не сака да се откаже! (ФОТО)

Vecer | 17.06.2021

„Мамо, престани те молам!“ Нејзините деца не го поднесуваат ова, а Кејт Мидлтон не сака да се откаже! (ФОТО)

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се родители на три деца – принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис.

Малите принцови и принцезата главно можеме да ги видиме на официјалните кралски портрети, а интересно е тоа што, иако на располагање им стојат најдобрите дворски и, воопшто, светски фотографи, овие деца главно ги фотографира нивната мајка.

Таа е првата членка на кралското семејство која ги потпишува овие портрети, а сè започнало со официјалната фотографија на принцезата Шарлот во 2015 година.

Имено, нејзината страст кон оваа уметност датира уште од студентските денови, кога на Универзитетот „Сент Ендруз“ специјализирала токму за фотографија. Сепак, ако го прашате нејзиното семејство, некогаш знаела и да го остави фотоапаратот.

– Сите постојано ми велат: ‘Мамо, те молам, престани да нè фотографираш’ – се пожалила Кејт во разговор со фотографката Сери Едвардс, која е аматерка, пред неколку денови, што, без сомнение, им е добро познато на сите мајки кои не можат да одолеат и се обидуваат да го забележат секој потег на своите деца.

Најновиот портрет за кој се зборуваше е сцената на кралицата Елизабета втора и покојниот принц Филип, опкружени со нивните правнуци.

Сепак, Кејт најмногу сака да ги фотографира своите деца, а нивните прекрасни портрети истиот момент стануваат главна вест во сите медиуми.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk