logo
logo
logo

МАЛ ТРИК ОД ГОЛЕМА ПОМОШ: Како најлесно да го ставите конецот во иглата (Видео)

Vecer | 07.12.2022

МАЛ ТРИК ОД ГОЛЕМА ПОМОШ: Како најлесно да го ставите конецот во иглата (Видео)

Ситните поправки секако не се нешто што некого би го натерало да замине кај шивачка, но кога ќе треба да се протне конецот низ иглата тогаш сфаќаме дека не се одвива се така глатко. Барем не се досега…

На интернет се појави видео кое покажува колку лесно и брзо можеме да протнеме конец низ увото на игла, кое брзо стана вирално.

Во видеото може да се види како конецот се става на дланката и со иглата едноставно се трие преку него. Триењето предизвикува конецот лесно да помине низ увото, за разлика од тешкото нишанење на главно влажниот конец низ иглата.

Оној непријатен момент кога сфаќаш дека цел живот правиш нешто сосема погрешно – напишал авторот на видеото Џон Бик во описот на видеото. А еве како всушност изгледа процесот:

 

Некои сметаат дека ова е генијален трик. А и успева. Една корисничка дури напишала дека не можела да поверува оти тоа го прави погрешно 50 години, додека друга потврдила дека успеала при вториот обид. Вреди да се проба, дефинитивно.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk