Малaтa Шарлот ѕвезда на свадбата на принцезата Јуџин, сестрата на невестата ги покажа килотите

Малата принцеза Шарлот знае како да стане ѕвезда на секоја свадба.

По успешно завршување на задачата на деверуша на свадбата на нејзината тетка Пипа Мидлтон и на чичко Хари, дојде на ред и венчавката на братучетката на нејзиниот татко, принцезата Јуџин.

Веќе искусна во таа улога, Шарлот беше потполно опуштена кога влезе во капелата, каде што беа други деца и брат и Џорџ.

Малечката, која ја споредуваат со нејзината баба Елизабета, во еден момент толку се внесе во мавтањето на насобраните граѓани што заборави на протоколот. Луј де Живанши, момчето кое ја држеше за раката, се сопна и падна во тој момент.

Додека леди Луисa Виндзор, сестра на принцезата Јуџин, се обидуваше да го крене, ветрот и го подигна синиот фустан, па сите видоа дека носи црни килоти.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари