Мајкрософт ги складира податоците под морето

Проектот „Натик“ е дел од експерименталната програма на Мајкрософт со која испитува дали таквите центри за податоци можат да ја зголемат работната ефикасност и да ги намалат трошоците во однос на вообичаената инфраструктура.

Мајкрософт се досети како на најдобар начин да ја заштити технологијата за складирање, и тоа ни помалку ни повеќе туку во – море. Проектот е наречен „Натик“, а заживеа пред неколку години. Нивната цел е да се испита дали ова решение е подобро отколку складирање на 27.600 терабајти на податоци на копно.

Центрите лоцирани на дното на океанот може да се напојуваат со мали електрани кои ги користат морските струи, додека трошоците за изолација и отстранување на топлина ќе бидат сведени на минимум. Компјутерите на дното на океанот лесно ќе ги лади водата што ги опкружува со прилично конзистентни температури.

Се разбира, ова има и други предности над стандардната инфраструктура, особено во крајбрежните места. Благодарение на блиските центри за податоци во водата, овие места би можеле да уживаат во мирен пристап со многу брз одѕив.
Целиот погон е напојуван од голем подводен кабел, и ако се покаже добро, ова решение наскоро би можело да се примени и во други центри за складирање. Со истиот кабел резервоарот е поврзан и на интернет.

Ако се прашувате како изгледа целата работа, „Мајкрософт” штотуку ја инсталира камерата покрај големиот резервоар во близина на брегот на Шкотска, пишува „Винг“.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари