logo
logo
logo

Мајка си го остави бебето за да учествува во масовна женска тепачка во маркет (ВИДЕО)

Vecer | 07.06.2023

Мајка си го остави бебето за да учествува во масовна женска тепачка во маркет (ВИДЕО)

На видеото прво се гледа како две девојки се удираат и се влечат за коса во маркетот Вулвортс, а потоа шокантен момент кога трета жена налетува во метежот! Жена во црна маица му го предала своето бебе на маж, а потоа со тупаници нападнала маж кој држел корпа за пазарење.

Неколку секунди подоцна, човекот кој го прифатил бебето го предал детето на друго лице и почнал да се бори со другиот маж кој претходно го оттурнал.

- Застани, застани, застани - извикал другиот маж додека девојките продолжиле да се тепаат.

За време на пресметката, девојките ги превртеле количките за пазарење и ги превртувале штандовите со безалкохолни пијалоци.

- Исус Христос - се слуша на снимката на муштерија, кој ја снимал целата гужва.

- Да ти е*ам, кучко - и вика една од жените на мајката на бебето.

Другите клиенти и персоналот на продавницата залудно се обидувале да ја прекинат тепачката.

Портпаролот на полицијата на Нов Јужен Велс потврди за Дејли Мејл дека инцидентот се случил.

– Група луѓе се расправале пред да дојде до физички конфликт – соопшти полицијата.

Портпаролот на компанијата „Вулворт“ го осуди насилството.

- Свесни сме за инцидентот што се случи во нашата продавница кон крајот на минатата недела. За вакво насилство нема место во нашата заедница. На членовите на тимот кои беа сведоци им нудиме пристап до советодавните служби и продолжуваме да ѝ помагаме на полицијата во нивните истраги - рече портпаролот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk