logo
logo
logo

Мајка пред да се самоубие оставила писмо и во него открила кое дете и е психопат

Vecer | 02.05.2021

Мајка пред да се самоубие оставила писмо и во него открила кое дете и е психопат

Пред да си го одземе животот, 42-годишната Британка Џоди Вајтинг им оставила проштално писмо на нејзината мајка Џој, сопругот Мартин и семејството.

Оваа мајка на девет деца во писмото нагласила дека повеќе не е во состојба да се носи со животот и огромната одговорност, како и долгогодишната депресија поради тоа што е хендикепирана. Но, она што ѝ потенцирала на мајка си е да внимава на нејзиниот син Кори Бел, кој во тоа време имал 16 години. Текла дека е сигурна дека тој има биполарно пореметување и дека внимава на него повеќе, бидејќи, според нејзиното мислење, тој „бил во состојба да направи сешто“.

- Се плашам каде ќе заврши Кори Бел во животот. Кога оваа фотографија беше направена, тој имаше помалку од една година. И тогаш ми се чинеше многу непредвидлив, се плашев дека ќе стане психопат. Тој има биполарно растројство, тој мора да се лекува. Внимавајте на него, тој прв ќе застрани од вистинскиот пат, пишала Вајтинг во 2017 година, вметнувајќи ја заедничка семејна фотографија во прошталното писмо.

Три години по нејзината смрт, кога Кори Бел наполнил 19 години, се предозирал и починал. Пет месеци претходно, се обидел да убие еден од неговите дилери. Мајката добро видела кога бил бебе (момчето што седи во скутот на татко му, десно на сликата) што може да се случи со него, пишува британски „Мирор“.

Мајката на Џоди, Џој (67) вели дека нејзината ќерка неуморно се грижела за своите девет деца да бидат образовани, воспитани, добри и паметни.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk