logo
logo
logo

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО:

Мајка на три деца за*инала изведувајќи ОПАСЕН СКОК!

Vecer | 18.10.2021

Мајка на три деца за*инала изведувајќи ОПАСЕН СКОК!

Јевгенија Леонтијева (33) мајка на три деца загинала кога скокнала од кровот на хотелот „Каранганда“ во Казахстан. Изведувала ризичен скок кој спаѓа во екстремни спортови и со огромна брзина удрила од земјата.

Јевгенија изведувала скок кој наликува на банџи и вклучува опасни вртења со јажето. Но за разлика од банџито, слободниот пад е подолг, а скокачите често ги поставуваат своите јажиња на карпи, планини или облакодери. Јажето е изработено од најлон така што скокачите на отскокнуваат многу.

Леонтијева била искусен скокач, но овој пат јажето кое требало да ја одржува во воздух не било доволно прицврстено. Паднала од висина од 25 метри и удрила силно од земјата. Веднаш била однесена во болница каде е оперирана, но за жал, брзо починала од добиените повреди на главата.

Пријателката која требало да скока после неа, вреснала штом забележала дека скокот е неправилен, но Леонтијева веќе паднала, а потоа удрила и во едно ѕитче. Очевидците истакнале дека скокот бил одобрен пред организаторот да има време да го обезбеди јажето. За случајот покрената е истрага.

Напоменуваме видеото од скокот на Јевгенија е вознемирувако: 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk