Мајк Тајсон му порача на Канје да почне да пие лекови

Откако Канје Вест јавно разговараше со Џими Кимел за својата борба со биполарно растројство, Мајк Тајсон му порача дека е време да почне да зема лекови.

„Почни да ги пиеш тие е… лекови”, му порача познатиот боксер откако и самиот проговори за своите психолошки проблеми за време на интервјуто за радио Реал 92.3.

Тој откри дека пред 15 години му било дијагностицирано биполарно растројство.

„Знаев дека нешто не е во ред бидејќи имав напади на бес без никаква причина. Можеме да зборуваме за тоа со часови, но сé се сведува на ова: почни да ги земаш е…ните лекови. Немаше да бидам тука ако не почнев да ги пијам”, рече тој.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари