logo
logo
logo

Мај месец за ЉУБОВ за овие три знака

Vecer | 02.05.2021

Мај месец за ЉУБОВ за овие три знака

Мај им носи успех на љубовен план на овие три знака

Бик

Вие сте главната ѕвезда во мај, бидејќи Сонцето престојува во вашиот знак. Ова е среќен и поволен месец за вас и нема да имате проблем да постигнете многу од вашите цели. Добриот аспект на Венера и Сонцето ви дава самодоверба, а Јупитер го подобрува вашето поле на пријателството и љубовта. Марс ви носи совршена комуникација, така што оние кои се во романтична врска ќе успеат да решат многу стари недоразбирања. Слободните бикови ќе се стремат кон промени, па можно е на некое патување или во нов круг пријатели да сретнете личност која може да ја помести земјата под вашите нозе.

Скорпија

Мај ви носи исклучително нежен и страсен љубовен живот. Позицијата на планетите ви помага да барате вистинска љубов, а Меркур ја олеснува комуникацијата со вашиот партнер. Осамените скорпии ќе бидат охрабрени да влезат во љубовна врска и ќе имаат поголема самодоверба од кога било. Оние кои се во долга врска почнуваат да ја подобруваат својата врска и ќе се обидат да му посветат поголемо внимание на својот партнер. Љубовта ви е во центарот на универзумот и можно е да ги обновите старите страсти.

Девица

Во текот на целиот месец, љубовта со партнерот ќе биде топла и нежна. Ќе се чувствувате како да сте на почетокот на врската. Ќе успеете да најдете рамнотежа помеѓу кариерата и љубовта. Ќе бидете иновативни и полни со изненадувања, а тоа ќе влијае позитивно на паровите кои се во подолга врска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk