logo
logo
logo

Граѓаните на германски град мора да ги чуваат своите миленици затворени

“Мачките дома до август, инаку следи казна до 50.000 евра“

Vecer | 22.05.2022

“Мачките дома до август, инаку следи казна до 50.000 евра“

Властите во градот Валдорф во југозападна Германија им наредија на сопствениците на мачки да ги чуваат своите миленици дома до крајот на август за да ги заштитат ретките птици кои моментално се во сезоната на парење.

Декретот е издаден за да се заштитат птиците што ги свијуваат гнездата на земја, што ги прави лесен плен за мачките.

Бројот на птици драстично се намалува во Западна Европа во последните децении, а властите во Валдорф рекоа дека „опстанокот на видот зависи од секоја птица поединечно“.

Реагираа здруженијата за заштита на животните

Забраната се однесува на сите мачки во јужниот дел на градот, а се наведува дека забраната ќе се повторува во наредните три години.

Доколку нивната мачка биде забележана надвор од куќата или станот, сопствениците би можеле да платат казна од над 463 евра, а ако мачката ја убие птицата, казната се зголемува на повеќе од 50 илјади евра.

На овој закон реагираа и некои здруженија за заштита на животните кои посочуваат дека забраната за навикнување на мачките е многу стресна.

„Негативното влијание на мачките врз птиците песнопојки е контроверзна теза и, колку што знаеме, не е докажано во случајот со птиците во Валдорф“, изјавија претставници на Deutscher Tierschutzbund за EuroNews.

Тие истакнаа и дека поддржуваат мерки за заштита на птици, но дека тоа не треба да биде на штета на другите животни.

„Ако ги обвинуваме домашните животни за загрозување на одредени видови птици, тоа е исто како да ги обвинуваме за тоа што луѓето ги уништиле природните живеалишта и залихите со храна на дивите животни“, посочија тие.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk