Мачка слуша предавања во училиште во Измир

Земајќи ги предвид неконвенционалните методи за подучување, учителката Озлем Пинар Иваску од осново училиште во турскиот град Измир, ѝ дозволи на мачката Томби да присуствува на часовите. Со ова таа сакала да ги заинтересира децата за учење и часот да им биде поинтересен.

Мачката, која децата првин ја хранеле во дворот, почнала да влегува во училиницата и така станала една од десетиците „ученици“, објави „Анадолија“.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари