logo
logo
logo

ЛУКСУЗ ВРЕДЕН 10 МИЛИОНИ ЕВРА: Погледајте ја вилата на Новак Ѓоковиќ која е вистински РАЈ НА ЗЕМЈАТА (фото/видео)

Vecer | 23.07.2021

ЛУКСУЗ ВРЕДЕН 10 МИЛИОНИ ЕВРА: Погледајте ја вилата на Новак Ѓоковиќ која е вистински РАЈ НА ЗЕМЈАТА (фото/видео)

Семејството Ѓоковиќ вилата ја купило минатата година, а се наоѓа во Марабељи во местото Коста Дел Сол

Најдобриот тенисер во свет Нова Ѓоковиќ во растојание од неколку недели го освои Ролан Гарос и Вимблдон со што дошол до својот 20. гренд слем трофеј, шести на овој турнир.

После тоа Ноле ја одушевил нацијата со одлуката да земе учество на Олимписките игри, и сите се надеваат дека од Токио ќе се врати со златен медал.

Кога обврските и натпреварите му дозволуваат, Новак со семејството одмара во вила која ја купил минатата година, а се наоѓа во Марбељи во местото Коста дел Сол.

Ова преубаво здание спрема пишување на домашни медиуми Ѓоковиќ го купил за 10 милиони евра. Одлука за таму да се пресели ја донел со сопругата Јелена, бидејќи сметаат дека Марбељи било добро за растење на децата.

Вилата на семејството Ѓоковиќ опкружена е со планини, а од терасата има спектакуларен поглед на море. Има дури 9 соби и осум купатила, надворешен и внатрешен базен и посебни делови за рекреација и гости.

Осум соби кои имаат билијард и стони-тенис, во куќата се наоѓа и кино-сала, како и теретана каде г-а Ѓоковиќ кога престојува во Марбељи одржува кондиција. Најважно е што вилата поседува тениски терен каде што Новак вредно тренира и додека е на одмор.

А како изгледа овој “Рај на земјата“ погледајте во видео записот...

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk