logo
logo
logo

Лукот e природен антибиотик, ама не е здрав за секого: Огромен ризик за дури четири групи луѓе

Vecer | 05.12.2022

Лукот e природен антибиотик, ама не е здрав за секого: Огромен ризик за дури четири групи луѓе

Лукот е една од најздравите намирници чии чудесни лековити својства создаваат неверојатни здравствени придобивки. Луѓето го користеле уште од античко време за лекување на многу здравствени проблеми.

Познато е дека старите Египќани, за време на изградбата на пирамидите, често им давале на своите робови лук за да бидат во добра состојба. Содржи околу 400 активни состојки, а богат е со витамини и минерали како што се аденозин, алицин, амино киселини, растителни влакна, растителни масти, витамин А, витамин Б1 и Б2, витамин Ц, железо, ензими, есенцијални масла, јод, калиум , калциум, селен, сулфур и фосфор. Но, и покрај сите лековити својства, овие групи на луѓе не треба да го консумираат:

Пациенти пред операција

Доколку во блиска иднина ќе се подложите на хируршка процедура, се препорачува да не консумирате лук најмалку две недели пред тоа, бидејќи тоа би го продолжило крварењето

Луѓе со низок крвен притисок

Оваа чудотворна храна го намалува крвниот притисок, а доколку страдате од низок притисок, можете да си направите повеќе штета отколку корист ако ја консумирате.

Луѓе кои имаат проблеми со црниот дроб

Иако лукот има антибактериски и антивирусни својства и може да убие бактерии и вируси, тој не треба да се користи за да се спречи вирусот на хепатитис. Имено, некои соединенија на лукот можат да предизвикаат стимулација во желудникот и цревата, што може да го инхибира лачењето на дигестивниот сок во дигестивниот тракт. На овој начин влијае на варењето на храната и влошува многу симптоми на хепатитис, како што е мачнината.

Луѓе кои страдаат од болести на очите

Пациентите кои страдаат од болести на очите, особено оние со лоша здравствена состојба, исто така треба да избегнуваат лук. Традиционалната кинеска медицина промовира дека редовното консумирање лук во големи количини во подолг временски период може да ги оштети очите и црниот дроб, но исто така може да предизвика губење на меморијата, зуење во ушите и други здравствени проблеми.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk