logo
logo
logo

Зошто луѓето ЧУВААТ ЛУК ПОД ПЕРНИЦА?

Vecer | 24.03.2021

Зошто луѓето ЧУВААТ ЛУК ПОД ПЕРНИЦА?

Покрај тоа што се смета за најмоќен природен антибиотик и е незаменлив во исхраната, некои луѓе ставаат лук под перницата пред да си легнат. Но, дали ја знаете причината зошто го прават тоа?

Сметаат дека помага при затнат нос

Мирисот на лук, наводно, може да помогне при затнат нос бидејќи наводно ги чисти дишните патишта и поттикнува исфрлање на слузта. Овој процес е бавен, но ефикасен.

Сметаат дека го зајакнува имунолошкиот систем

Се верува дека лукот уништува многу видови на лоши бактерии и има силна антибактериска моќ. Ако редовно спиете со лук под перница, веројатно ќе забележите дека полесно се будите наутро и се разболувате поретко, пишува BrightSide.

Се смета дека ги одбива инсектите

За инсектите, а особено за комарците, лукот е токсичен и тие бегаат од неговиот мирис, а со тоа и од вас.

Се спие подобро?

Лукот е богат со витамин Б1, за кој науката тврди дека ви помага да спиете подобро. Покрај тоа, тој е богат со витамин Б6, кој го подобрува лачењето на мелатонин, познат како „хормон на спиењето“. Исто така, се верува дека лукот има позитивно влијание врз нервниот систем, за да може да го смири и релаксира вашиот мозок.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk