logo
logo
logo

Лудост-Жени се молат пред голема златна вагина, а мажите пред олтарот со голем пенис!

Vecer | 27.05.2023

Лудост-Жени се молат пред голема златна вагина, а мажите пред олтарот со голем пенис!

Верниците во еден будистичкиот храм во провинцијата Након Рачасима во Тајланд се молат пред џиновската златна вагина.

 Како што олтарот со огромната вагина добиваше голема популарност, верниците изградиле и олтар со голем пенис во храмот.

Мажи, будистички верници, сега доаѓаат во храмот за да се молат.

Големата вагина на олтарот е изработена од злато, а околу неа има осум мали женски полови органи, исто така од злато.

Секој ден жените клечат и се молат за плодност, среќа и да најдат маж, пред олтар висок 1,2 метри на женски полов орган.

Сместено е под дрво манго, а до него е змија со седум глави, која го „чува“ светиот женски полов орган. Големата вагина ја направила будистичката калуѓерка Наовараткочапорн Симетавонг, т.е. Мајка Брамин, со цел да ги прочисти жените од лошата среќа предизвикана од сторените гревови.

- Тука правиме церемонии за правење лекови за несреќните жени, особено оние кои абортирале. Мислам дека треба да ги почитуваме гениталиите бидејќи тие го претставуваат потеклото на животот и изобилството во светот. Не е ништо чудно, ниту необично – изјавила мајката Браман.

Откако е поставен олтарот со вагината, верниците постојано доаѓаат да и се молат. Секоја посета се наплаќа по околу 14 евра.

Многу брзо олтарот со огромна вагина добил голема популарност, по што храмот со помош на верниците изградил и олтар со голем пенис во ова будистичко светилиште.

На него има релјеф на машкиот полов орган во злато, а околу него осум мали пениси, исто така во злато. Мажи, будистички верници, сега доаѓаат кај олтарот да се молат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk