logo
logo
logo

ПОЗАЈМЕНО, ама добро

Лубеница и жена не можеш да избереш, можеш само да ТРЕФНЕШ!

Vecer | 30.06.2022

Лубеница и жена не можеш да избереш, можеш само да ТРЕФНЕШ!

Сезоната на лубеници е во полн ек, а продавачите во трката да имаат подобра заработувачка користат разно-разни слогани и трикови. Еден таков најдовме во соседството, кој е навистина оригинален, но во исто време тера и на размислување.

Имено, еден продавач купувачите решил да ги намами со следниот слоган: Лубеница и жена не можеш да избереш, можеш да трефнеш!

 

Lubenica

 

Фотографијата е објавена на Инстаграм и повеќето коментари под неа се духовити и смешни.

Сепак, еден од коментаторите некако си дал слобода и од реченицата на продавачот, направил цела животна филозофија!

 

Lubenica

- Што се однесува до лубеницата, има вистина, но жените секогаш можат да се изберат и да се проучат само ако се погледне од какво семејство потекнуваат. Сигурно нема да се оженам за некојаси таму од Лазаревац, затоа барам да се свршам со Европејка, кон тоа се стремам, жена ми ќе биде од Брисел, Париз, Кнежевството Монако, таа знае што е лојалност и посветеност на семејството, а нашите девојки се лесни затоа што не доживеале моќ и финансиска состојба, па би правеле секакви работи за возврат да ги добијат тие работи... Додека седев во кафуле во Хановер и ми пријде Германка и ми испрати пијачка .. На паметниот доста, напишал тој, а останатите корисници останале во шок.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk