logo
logo
logo

ЛОШАТА ДЕВОЈКА НА ХОЛИВУД: Ги завела и таткото и синот и на двајцата им родила деца - на крајот останала без ништо

Vecer | 25.10.2021

ЛОШАТА ДЕВОЈКА НА ХОЛИВУД: Ги завела и таткото и синот и на двајцата им родила деца - на крајот останала без ништо

Американската актерка и пејачка, Глорија Грејам е родена на 28 ноември 1923 година во Лос Анџелес. Таа починала на 5ти октомври 1981 година во Њујорк.

Имено, нејзиното вистинско име е Глорија Холворд. Нејзиниот татко, Мајкл Блоксам Холворд бил познат архитект, додека пак нејзината мајка Џин Греам била британска актерка и учителка по актерство. Родителите и го олесниле нејзиниот пат до Бродвеј каде за многу брзо била забележана од Луи Б. Мајер од студиот Метро-Голдвин-Маер. Тој и понудил да дебитира на големиот екран во 1944 година со улогата во филмот Blonde Fever.

Прва улога

Две години подоцна, таа одиграла значајна улога во Wonderful Life. Студиот РКО го откупил нејзиниот договор во 1947 година, а истата година таа добила и номинација за Оскар за најдобра споредба улога во филмот Crossfire.

Па оттаму и може да се каже дека од крајот на 40тите до крајот на 50тите години, Глорија важела за една од најпознатите актерки во Холивуд.

Втората номинација и го донел и Оскарот за најдобра споредна женска улога за филмот "Градот на илузиите" во 1952 година. Истата година таа глумела и во филмовите Sudden Fear и The Big Heat.

Патот до славата зачинет со скандали

По мјузиклот Оклахома од 1955 година, таа не успеала да оствари значајна филмска улога. До крајот на својот живот настапувала најчесто во театар, со повремени филмски и телевизиски улоги. А сето тоа било резултат на нејзината репутација на проблематична актерка на снимање, како и нејзиниот бурен живот надвор од објективот на камерата.

Нејзиниот пат до славата бил зачинет со низа скандали, кои најмногу се однесувале на нејзиниот приватен живот. Имено, Глорија за само 15 години имала дури 4 брака. Исто така била и на бројни хирушки процедури во обид да го задржи младешкиот изглед.

Била во брак со режисерот Николас Реј, но и со неговиот син Тони Реј, а имала деца од двајцата. Од своите 4 брака имала 4 деца.

Повторна средба

Нејзиниот четврт и последен брак бил со Ентони Тони Реј – синот на нејзиниот втор сопруг (од неговиот прв брак). Таа во тоа време му била маќеа на Тони, но успеала да го заведе кога тој имал само 13 години.

Според изјавите на неговиот татко, Николас ги фатил Тони и Глорија заедно во кревет што и довело до распад на бракот.

Меѓутоа, еден од партнерите на Глорија, а подоцна и писател на нејзината биографија, Питер Тарнер ги негирал овие наводи, велејќи дека момчето ја измислил ваквата љубовна врска. Сепак, Глорија и Тони се сретнале повторно во 1958 година кога тој имал 25 години, а таа 37 години. Се заљубиле и венчале две години подоцна во Тихуана, Мексико. Тие имале две деца и биле во брак 14 години.

Веста за бракот ја чувале во тајност се додека 2 години по венчавката не се појавиле натписи за истата во таблоидите. Овој брак го разбеснил третиот сопруг на Глорија, Саја Хаурд кој се обидел да и ја одземе заедничката ќерка. Ваквата ситуација во која се нашла Глорија ја довела до нервен слом, кој подоцна го лечела со електрошокови.

Тони бил нејзиниот последен сопруг со кого била најдолго во брак. Последните години од животот пак, таа ги поминала во врска со Питер Тарнер кој и ја напиша книгата Film Stars Do not Die in Liverpool во кој тој го опишува нивниот однос. Подоцна, за оваа книга е снимен и филм.

Рак на дојка

Таа починала во Њујорк, на 5ти октомври 1981 од рак на дојка. Иако во текот на животот уживала во богатство сепак на крајот останала без ништо. Последните години од својот живот ги поминала во болница во Лондон, во друштво на својот партнер и неговите родители.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk