logo
logo
logo

Љубовна приказна од Втората светска војна: ПО 71 ГОДИНА ПОВТОРНО СЕ СРЕТНАЛЕ

Vecer | 19.03.2023

Љубовна приказна од Втората светска војна: ПО 71 ГОДИНА ПОВТОРНО СЕ СРЕТНАЛЕ

Во моментите кога светот се фатил за пушка, се чинело дека единственото нешто што постои е борбата за живот, но во пресрет на големите пресвртници во историјата, оние речиси непознати моменти на љубов кои ги зближиле луѓето и давале утеха во неизвесните времиња се исто така важни.

Ова е приказна за љубовта која се негувала многу години по завршувањето на Втората светска војна.

Приказната за Норвуд и Џојс

Норвуд и Џојс првпат се запознале во Лондон во 1945 година, кога тој имал 21 година, а таа 17. Норвуд тогаш служел во војска, додека таа сè уште учела да стане медицинска сестра.

- Бев млад и ме интересираа само девојки. Еден ден бев со другар и шетав покрај реката кога забележавме две убави девојки како седат покрај реката. Се разбира, веднаш сакав да пристапам, што и го направивме и така започна приказната и нашето запознавање. Излеговме заедно на пијачка и тогаш се почувствував како да разговарам со некој што го познавам долго време. Мислам дека се заљубив во нејзината насмевка, бидејќи не можев да го тргнам погледот од неа и секогаш го мислев истото: „Боже, таа е толку симпатична“, рече Норвуд.

Така започнала нивната љубовна приказна.

Неколку месеци откако се запознале, Норвуд се вратил во Америка. Потоа љубовта ја продолжиле преку писма. Се било како од филм, изгледало како да го чекале само моментот на нивната средба.

„Драга моја Џојс, сакаш ли да ми ја направиш куќата дом и да ми станеш жена? Било клучно прашање за Џојс. Но, за жал, таа го одбила, бидејќи била уште млада и студирала во далечна, друга земја.

Со скршено срце, Норвуд сметал дека завршила нивната љубов.

Поминале години, Норвуд и Џојс го најшле својот пат и се венчале, но не еден со друг.

Двајцата живееле убав и хармоничен живот со своите партнери и воспитале деца. По некое време, Џојс се развела, а Норвуд станал вдовец.

-Ја сакав сопругата, таа ми ги даде најубавите години од мојот живот, но Џојс секогаш живееше барем дел во убави спомени, изјави Норвуд.

Поминале 71 година откако последен пат се слушнале, но потоа, на 93-годишна возраст, Норвуд добил повик за кој никогаш не ни сонувал дека е можно. Имено, Џојс го замолила својот син да го побара на социјалните мрежи, чисто од љубопитност дали нејзината воена љубов е сеуште жива. Наскоро нивните синови се слушнале и се согласиле да им помогнат да стапат во контакт. Така, договориле видео повик.

Моментот кога се видее на екранот за нив бил бесценет.

-Кога ми кажа „Томи“, како што ме нарекуваше, тогаш во мене повторно се разбуди среќата што ја имав кога првпат ја видов, објасни Норвуд.

Набрзо нивната приказна се слушнала низ светот и успеале да соберат пари за конечно да се сретнат во живо. И така, Норвуд се качил а во авион и патува илјадници километри за да ја види.

- Ова е најубавото нешто што може да ми се случи на оваа возраст.

Разговарале со часови без престан и изгледало како да се вратиле на годините кога ја започнале својата љубовна приказна. Оттогаш тие останале во контакт и планирале да се видат што е можно повеќе.

За жал, една година по нивната средба, Џојс починала.

- Нашата љубов никогаш не умре, а таа беше љубовта на мојот живот, рече тој.

Норвуд починал во 2021 година на 97-годишна возраст.

Некои љубови не можат да се скршат со време, како што е нивната една од оние „предодредените“, пренесува „Pilotonline.com“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk