logo
logo
logo

ЉУБОВ НА ПОВИДОК: Дали сте меѓу среќниците на кои ќе им се насмевне среќата

Vecer | 14.04.2021

ЉУБОВ НА ПОВИДОК: Дали сте меѓу среќниците на кои ќе им се насмевне среќата

Некои хороскопски знаци конечно ќе се впуштат во љубовна авантура оваа пролет, а во продолжение прочитајте на кои хороскопски знаци сè ќе им оди од рака на љубовен план.

Вага

Оваа пролет за вагите значи страст и сензуалност и многумина нема да можат да им одолеат на припадниците на овој хороскопски знак. Месечината и Венера се на нивна страна и ќе им помогнат на слободните вагите. Нема потреба да запознавате голем број луѓе, бидејќи само една личност ќе биде доволна да започне промени и да ве охрабри да започнете романса.

Риби

Ништо нема да ја уништи оваа љубовна сезона на рибите. Исто така, тие ќе го поминат летото со романса и страст, што ќе им подари моменти на искрена среќа. Бидејќи се чувствителни на туѓите проблеми и покажуваат љубезност и емпатија, тие сигурно ќе го привлечат вниманието на сродната душа, ако сè уште не ја пронашле.

Стрелец

Љубовта што ја чувствуваат кон своите партнери е многу силна, а страста е толку интензивна што веќе не можат да ги одложуваат важните животни чекори. Ако бракот сè уште не е на дневен ред, не плашете се да го направите првиот потег и да ја изјавите својата љубов за која сте подготвени на сè!

Јарец

Јарците ќе се чувствуваат подобро оваа пролет и конечно ќе можат да се релаксираат. Веќе не се двоумат ни во заведувањето и нема да им биде тешко да направат убав гест и да ѝ кажат нешто убаво на саката личност.

Овен

Со враќањето на убавото време, овните наоѓаат нов пламен што им ја зајакнува самодовербата. Позаводливи од кога и да е, тие го одржуваат пламенот во својата врска, а можеби дури и ќе ѝ ги признаат своите чувства кај некоја посебна личност. Ништо нема да ги задржи нивните желби, но ретроградниот Меркур може да предизвика проблеми во комуникацијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk