Лист од марихуана се најде на знамето на една општина во Естонија

Општината Канепи во јужниот дел на Естонија на своето знаме има слика од канабис затоа што името на општината на естонски значи канабис. Градоначалникот на општината, Андрус Сим, рекол дека на крајот на минатата година бил одржан референдум на кој 80 отсто од гласачите го одбрале тој дизајн на знамето, сребрен лист на канабис на зелена позадина.

По тоа градскиот совет го усвоил дизајнот, а новото знаме било осмислено откако три општини се споиле во една по административни реформи, пренесува АП.

Градоначалникот објаснил дека локални групи со децении го користеле листот на својот грб како симбол и дека новото знаме наишло на мал отпор во Естонија, каде користењето канабис не е законски дозволено.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари