logo
logo
logo

ЛИЦЕТО МУ СЕ ТОПИ, луѓето едвај го препознаваат: Сајмон ШОКИРА СО ИЗГЛЕДОТ!

Vecer | 02.12.2022

ЛИЦЕТО МУ СЕ ТОПИ, луѓето едвај го препознаваат: Сајмон ШОКИРА СО ИЗГЛЕДОТ!

Британскиот водител, продуцент и претприемач, Сајмон Кауел ги шокираше своите обожаватели со изгледот на лицето. Имено, на официјалниот Твитер на британското издание на „X Factor“ е објавено видео на кое Кауел ги повикува луѓето да се пријават на аудицијата за новата сезона од шоуто, но фокусот останал на неговото лице.

Во коментарите на Твитер луѓето истакнаа дека неговиот изглед е загрижувачки, дека претерал со ботокс или пластични операции и дека е непрепознатлив.

 

„Не го коментирам изгледот на другите луѓе, но изгледа дека лицето му се топи“, напишал еден корисник на Твитер, додека друг се надоврзал со коментарот: „Изгледа некој заборавил да ги исклучи филтрите на Snapchat“.

„Изгледа пластично, лажно, дали носи маска“, се прашуваше еден корисник на Твитер. „Каде му се рамениците и има толку тенок врат“, забележал друг.

 

Sajmon Kauel

„Луѓе, треба да престанете да го вбризгувате тоа срање во вашето лице“, истакнал еден корисник. „Боже мили, едвај го препознав“, е само уште еден негативен коментар.

Инаку, Кауел нема проблем да зборува за естетските корекции и признал и дека третманите ги започнал во 2016 година бидејќи сакал да изгледа помладо. Тој своевремено изјавил и дека еднаш користел ботокс толку многу што син му се исплашил, па ветил дека повеќе нема да го користи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk