logo
logo
logo

Еве колкав е ризикот од смрт кај заразените лица кои не се физички активни

Vecer | 16.04.2021

Еве колкав е ризикот од смрт кај заразените лица кои не се физички активни

Оние кои се физички неактивни а се заразени со коронавирусот имаат двојно поголема веројатноста да завршат во болница од оние кои се физички активни.

Меѓу заболените со коронавирус, претходната физичка неактивност е поврзана со многу потешки симптоми и поголем ризик од смрт, покажа студијата во која учествуваа речиси 50 илјади испитаници заразени со коронавирус.

Кај луѓето кои не биле физички активни најмалку две години пред избивањето на пандемијата, била поголема веројатноста да бидат хоспитализирани, лекувани на оддел за интензивна нега и смрт, објавија научниците во студијата објавена во магазинот British Journal of Sports Medicine.

Како ризик за тежок облик на Ковид-19, физичката неактивност единствено ја надминаа возраста и доколку кај пациентот претходно бил трансплантиран некој орган, утврди студијата.

Во споредба со другите фактори на ризик, како што се пушењето, зголемената телесна тежина или покачениот крвен притисок, авторите на студијата заклучија дека „физичката активност е највисокиот фактор на ризик во сите исходи на болеста“.

Претходно, староста, дијабетисот и кардиоваскуларните болести беа најмногу поврзани со најтешките облици на коронавирусот, а физичката неактивност не беше опфатена во истражувањата и наведувана како фактор на ризик.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk