logo
logo
logo

Lexus кој убива секое сомневање веќе со изгледот

Vecer | 24.03.2021

Lexus кој убива секое сомневање веќе со изгледот

Дилерите на Тојота Lexus се задоволни од продажбата на кросоверот „RX“, но инсистираат компанијата да лансира уште поскап и луксузен „SUV“, со кој ќе може да им конкурира на германските модели кои подолго време доминираат во овој сегмент. Сличен модел – „LF-1“, веќе е претставен како концепт, а сега излегуваат детали за неговата иднина.

Прототипот „LF-1 Limitless“ (на сликата) беше мешавина од спортски автомобил и кросовер, а неговата сериска верзија ќе го задржи овој стил, според „Best Car Web“, што укажува на одреден датум за објавување на новиот предводник на „Lexus“ на пазарот – 2023-та година.

Сериската верзија ќе се вика само „LF“, што е малку збунувачки, бидејќи името што го користат Јапонците за нивните концептни модели значи „Lexus Future“. Од друга страна, тој се комбинира со статусот на предводникот на марката и ќе го оддели од „LX“, кој е базиран на „Toyota Land Cruiser“.

Во основата на моделот ќе биде платформата „TNGA-L“ – иста како и седанот „LS“, а тоа подразбира поспортски систем за погон на четири тркала. Се претпоставува дека тоа ќе биде хибриден погон, кој ќе се базира на 3,5-литарски V6 бензински мотор, но можно е да има верзија со 4,0-литарски V8 со турбо. Овој мотор може да генерира до 650 ks и сега е вграден во „Lexus US F“ и „LS F“.

После толку долг циклус на развој, не е изненадувачки што автомобилот ќе биде многу скап. Цените на серискиот „LF“ се очекува да варираат помеѓу 15 и 20 милиони јени или од 115.000 до 150.000 евра. И тоа веќе значи влегување на територијата на „Porsche Cayenne“.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk