logo
logo
logo

Лажирал смрт и избегал од државата, АМА СЕ РАЗБОЛЕЛ ОД КОРОНА И ГО ФАТИЛЕ ВО БОЛНИЦА

Vecer | 14.01.2022

Лажирал смрт и избегал од државата, АМА СЕ РАЗБОЛЕЛ ОД КОРОНА И ГО ФАТИЛЕ ВО БОЛНИЦА

Еден маж од Америка, кој ја лажирал сопствената смрт за да избегне обвинувања за сексуален напад, е уапсен во болница во Шкотска, каде што се лекувал од коронавирус.

Николас Роси (34), кој исто така ги користел имињата Николас Алахвердијан и Николас Алахвердијан Роси, бил баран во врска со наводен сексуален напад во Јута во 2008 година и во Охајо во 2018 година, објави Обвинителството на округот Јута.

34-годишникот е уапсен под друг псевдоним Артур Најт во болница во Глазгов, а полицијата го обезбедува, соопштија властите на Јута.

Според извештаите на медиумите, тој бил лекуван во Универзитетската болница  во декември и морал да биде интубиран поради сериозноста на болеста, пишува „Скај њуз“.

Адвокатот на округот Јута, Дејвид Левит, признал дека Роси веројатно сè уште би живеел „офлајн“ доколку не се заразил со корона вирусот и не му требала медицинска нега.

- Многу е потешко отколку што луѓето замислуваат. Можеби луѓето не знаат каде сте, но со социјалните мрежи светот е доволно мал што ако некој ја види вашата слика...ако сте офлајн, подобро останете дома и никогаш не излегувате, бидејќи некој ќе ве види - тој изјави Ливит.

Роси „избегал од земјата за да избегне кривично гонење“ и „се обидел да ги убеди инспекторите и државните пратеници во другите држави да веруваат дека тој е мртов“, се вели во соопштението на обвинителството во Јута.

Различни медиуми во 2020 година ја цитирале меморијалната веб-страница EverLoved.com во извештајот дека Николас Алахвердијан починал на 29 февруари 2020 година од Нон Хочкинов лимфом.

Веб-страницата објавила дека тој бил кремиран и дека неговата пепел била расфрлана по морето.

- Откриено е дека господинот Роси живее под лажно име во Шкотска. Тој е приведен и се работи на негова екстрадиција во САД - соопшти обвинителството на округот Јута.

Роси е обвинет за едно силување, во нападот на 21-годишна жена на 13 септември 2008 година, се вели во соопштението на обвинителството.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk