logo
logo
logo

Лажирал дека е киднапиран и дека ЖИВОТОТ му е во ОПАСНОСТ за да извлече пари од пријателите: ПРАЌАЛ и снимки од „МАЧЕЊЕТО“

Vecer | 15.09.2021

Лажирал дека е киднапиран и дека ЖИВОТОТ му е во ОПАСНОСТ за да извлече пари од пријателите: ПРАЌАЛ и снимки од „МАЧЕЊЕТО“

Кристофер Селман од Кент го лажирал сопственото киднапирање за од пријателите и познаниците да извлече пари. Тој преку социјалните мрежи им испраќал потресни видеа и фотографии на кои се гледа дека е мачен, па така барал пари за својот откуп.

На фотографиите што им ги испратил се гледа како му држат нож на грлото, но и пиштол на слепоочницата. Со видеата, пак, отишол и чекор понапред, односно во едно се гледа како главата му е пикната под вода додека тој се бори за здив.

Во оваа морбидна измама му помогнала поранешната девојка Стефани со која и детално го разработил планот на „киднапирање“.

На жртвите на измамата двојката прво им праќала пораки од непознат број, кои содржеле фотографија на која се гледа главата на Кристофер со нож под грлото. Во пораката „непознатиот киднапер“ пишувал дека го киднапирал Кристофер, а дека ќе го ослободи само ако се уплатат пари на одредена сметка.

Пријателите во паника за неговиот живот веднаш уплатиле дел од парите, но нему тоа не му било доволно, па продолжил да бара уште пари.

Во следните денови им испраќал фотографии со пиштол во устата, барајќи им 1000 фунти или дека наводно ќе го убијат.

Бидејќи ова продолжиле, пријателите почнале да му кажуваат дека повеќе немаат пари, но тој почнал да ги плаши со приказната дека знае каде живеат и дека некој ќе ги претепа ако не дадат уште пари.

Тие веднаш ја контактирале полицијата, која ги посоветувала да ги сменат телефонските броеви. Но Ктистофер и Стефани имале решение и за оваа ситуација, па почнале да им испраќаат фотографии по електронска пошта и на социјалните мрежи.

Полицијата почнала да прави анализи на граматичките грешки на Кристофер, но и грешките на наводните киднапери. Она што го откриле ги шокирало сите, сфатиле дека грешките се исти, па набрзо Кристофер бил најден и уапсен, пишува Метро.

Тој е осуден на две години и четири месеци затвор, а неговата поранешна девојка Стефани на 18 месеци условно.

Измамените пријатели најмногу се нашле повредени од начинот на кој се обидел да ги измами, открил во својата изјава полицискиот инспектор кој бил задолжен за случајот.

- Кога дојдоа кај нас не се грижеа за парите. Им беше важно него да го спасат. Ќе им треба време да се опорават од шокот, рекол.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk