logo
logo
logo

ЛАДЕН ТУШ за Безос и Бренсон - „Не сте АСТРОНАУТИ“

Vecer | 24.07.2021

ЛАДЕН ТУШ за Безос и Бренсон - „Не сте АСТРОНАУТИ“

Соединетите Американски Држави ја заострија дефиницијата за астронаут, што ладен туш за соништата на двајцата милијардери, истражувачи на вселената.

Новите построги правила на Федералната управа за авијација (ФАА) предвидуваат дека астронаутите „мора да бидат дел од екипажот на летот и да придонесат за безбедноста на летот во вселената“, што значи дека американската администрација не ги признава за астронаути  Џеф Безос или Сер Ричард Бренсон.

Измените во регулативата беа објавени минатиот вторник, на денот кога основачот на Амазон, Џеф Безос, леташе до работ на вселената со ракетата Blue Origin.

Еден од условите некој да се квалификува како комерцијален астронаут е тој да лета на висина од најмалку 80 километри над површината на Земјата, што го постигнаа и Безос и Брансон.

Сепак, новите регулативи на ФАА предвидуваат дека потенцијалните астронаути „мораат да демонстрираат за време на летањето активности кои биле клучни за јавната безбедност или придонеле за безбедноста на вселенскиот лет и екипажот“.

Во соопштението на ФАА се вели дека новите регулативи се донесени за да се заштити јавната безбедност за време на комерцијалните летови во вселената.

Покрај ФАА, титулата астронаут може да се добие и од американската војска или НАСА.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk