logo
logo
logo

КУТРИ ДЕВОЈЧИЊА! Со сила внесуваат по 16 000 калории дневно, за да бидат дебели - ТАКВИ ГИ САКАЛЕ МАЖИТЕ?!

Vecer | 09.06.2023

КУТРИ ДЕВОЈЧИЊА! Со сила внесуваат по 16 000 калории дневно, за да бидат дебели - ТАКВИ ГИ САКАЛЕ МАЖИТЕ?!

Во Мавританија дебелите жени се симбол на убавината. Поради тој симбол, некои родители сè уште ги принудуваат девојчињата да бидат дебели со тоа што ги тераат да внесуваат дури 16.000 калории дневно, што е дури шест пати повеќе од количината на калории што му е потребна на возрасен маж.

Сè заради мажите

Поголемото тело е идеалот за женска убавина во Мавританија. Оваа традиција се вкоренила пред многу векови, кога добро нахранетите говеда се сметале за симбол на богатството. Исто така, ако девојката за мажење е дебела, тоа е доказ дека потекнува од богато семејство каде имала многу храна. Во оваа земја, каде што големото тело се смета за убаво, а стриите се сметаат за секси, младите девојки се носат во специјални кампови во пустината каде буквално ги хранат насилно и на тој начин ги подготвуваат за брак.

 

Afrika, putovanje, putovanja, Eritreja, Somalija, Sudan, Edin Krnić, Crnogorac

Иако владата на Мавританија започна кампања против злоупотреба на деца во 2003 година и за подигање на свеста за здравствените ризици од дебелината, во руралните области оваа традиција сè уште е длабоко вкоренета. Ваквата практика, како што објасни еден мавритански новинар, ја наметнуваат мажите, кои ценат и сакаат да стапат во брак само со дебели девојки.

Во земјата лоцирана помеѓу Западна Сахара и Сенегал, пожелно е да имате прекумерна тежина, тоа е знак на богатство и престиж бидејќи земјата се бори со недостиг на храна.

За два дена се здебелил шест килограми

Американскиот новинар Томас Мортон го истражувал овој културен проблем. Но, неговата задача не била само да набљудува што се случува, туку и да ја консумира храната на жените од Мавританија и опасните додатоци во исхраната. За појадок обично јадат леб натопен со маслиново масло и пијат млеко. Хранењето не престанува во текот на денот, а менито вклучува козјо месо, смокви, кус-кус и тестенини.

 

žene, Afrika, Pleme, Tuarezi

 

Мортон открил дека многу девојки тоа го сметаат за мачење, но дека родителите инсистираат. По само два дена на ваков режим, американскиот новинар се здебелил шест килограми, а цело време чувствувал надуеност и мачнина. Веројатно поради слични проблеми, жените во Мавританија прибегнуваат кон други методи на гоење, кои не го оптоваруваат нивниот стомак, но се многу штетни за нивното здравје.

Докторот Мухамед Олд Маден наведува дека во Мавританија, особено во руралните средини, се зголемува бројот на женски пациенти со дијабетес, хипертензија, срцеви заболувања и депресија. Надлежните не сакаат да признаат дека оваа црна статистика има врска со длабоко вкоренетата практика на принудно хранење девојки за што побрзо да се здебелат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk