logo
logo
logo

Куќи за 1 евро, блиску ви се Рим и скијачките центри, АМА ИМА ЕДЕН УСЛОВ

Vecer | 15.10.2021

Куќи за 1 евро, блиску ви се Рим и скијачките центри, АМА ИМА ЕДЕН УСЛОВ

Уште едно италијанско село нуди домови по симболични цени со цел да привлече нови жители, а овој пат тоа е селото Пратола Пелиња, оддалечено околу 150 километри од Рим.

Во ова село, властите продаваат околу 250 домови по цена од едно евро, со надеж дека ќе привлечат нови жители кои ќе ги реновираат и живеат во нив. Селото се наоѓа во регионот Абруцо во близина на Апенините, што значи дека некои од најдобрите италијански скијачки центри се многу блиску.

- Работиме на овој проект неколку години, избираме соодветни домови кои не беа дел од реконструкцијата по земјотресот. Нашата цел е повторно да заблескаме и да ја вратиме убавината на стариот центар, дури и да трае - изјави локалниот советник Паоло Ди Бако за Си -Ен -Ен.

Оние што ќе одлучат да дојдат во селото ќе имаат полни раце работа бидејќи домовите се во прилично лоша состојба, но тие се пространи, имаат поткровје, тераси и балкони, па затоа имаат голем потенцијал.

Меѓутоа, ако плановите за реновирање не бидат пријавени во рок од шест месеци, следува казна од 10.000 евра.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk