logo
logo
logo

Куќа во Хонг Конг е продадена за 111 милиони долари, овогодинешен рекорд

Vecer | 27.06.2022

Куќа во Хонг Конг е продадена за 111 милиони долари, овогодинешен рекорд

Emperor International Holdings Ltd., CC Land Holdings Ltd., Mingfa Group International Co. и CSI Properties Ltd.  ја продале куќата со шест спални на аукција одржана вчера, се вели во соопштението на компаниите. Купувачот не е идентификуван.

Куќата која се простира на 746 метри квадратни има сопствена градина, базен и паркинг. Се наоѓа во ридот Шусон, една од најексклузивните населби во градот.

Продажбата на луксузни куќи во луксузните населби во Хонг Конг опаднала за речиси 60 отсто во првата половина од оваа година во однос на претходната. Мерките воведени за време на најлошата епидемија на коронавирус и недостатокот на капитал го попречиле пазарот, велат експертите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk