logo
logo
logo

Крвната група ja диктира исхраната: Стручњаците откриваат кои производи мора да се јадат, а кои да се ОДБЕГНУВААТ

Vecer | 13.04.2021

Крвната група ja диктира исхраната: Стручњаците откриваат кои производи мора да се јадат, а кои да се ОДБЕГНУВААТ

Секоја крвна група има посебни потреби кога е во прашање исхраната.

Неможеме да очекуваме дека секогаш ќе бидеме здрави ако постојано се храниме со месни и слатки производи и грицки.

На организмот потребна му е здрава и балансирана исхрана, богата со влакна, витамини и минерали.

Др. Питер Џ. Д’Адамо тврди дека секоја крвна група има посебни потреби кога е во прашање исхраната.

Нулта крвна група

На лицата со Нулта крвна група не им одговараат јајца, млеко и млечни производи. За нив се препорачува говетско, јагнешко, телешко, скуша, пастрмка. Од зеленчук, на нивното мени треба да се најде брокула, спанаќ, магдонос, џумбир, лук... Од овошје банани, боровница, смоква, суви сливи, цреши.

За нивниот организам добар е и зелен чај, а исто така им одговара физички вежби и животниски протеини.

Др. Питер објаснува дека оваа крвна група може ефикасно да го вари и метаболизира месото бидејќи има високо ниво на желудечна киселина и ензими за разградување на мастите. Меѓутоа оваа нултата крвна група треба внимателно да го избалансира внесување на масти со зеленчук и овошје со што би обезбедила неопходни влакна и антиоксиданси

Крвна група А

За крвната група А благотворен е зеленчукот, на нивното мени треба да се најде риба, како што е лосос, скуша, шаран, морски плодови, блитва, целер, ѓумбир, зелена салата, шамшињони. Од пијалоци се препорачува црно вино, чај од шипки, сок од кајсија, капини...

Оваа крвна група има биолошки предиспозиции за срцеви заболувања, рак, дијабетис. Лица со крвна група А треба да внимаваат на месо, меснати преработени производи како што се колбаси, шунка месен нарезок, објаснува др. Питер.

Крвна група Б

Исхраната за крвната група Б е доста избалансирана и опфаќа широк спектар на намирници. Овие лица воглавно повеќето од нив се способни да се одбранат од најчестите заболување, како што се рак, дијабетис или срцеви заболувања. За нив добри се млечните производи, млеко, кефир, козјо млеко и сирење.

Исто така треба да конзумираат јагнешко, месо од зајак, овчјо, црвен лосос, кавијар, ослич, сардини, компир, морков. Од пијалок им се препорачува чај од магдонос, шипка, жалфија, потоа сок од ананас, грозје и зелен чај.

Крвна група АБ

Оваа крвна група не се вклопува во ниедна категорија поради повеќеслојни антигени, со што некогаш е поблиска до крвната група А, а некогаш на крвната група Б, а негогаш претставува соединување на двете.

Нив им се препорачуваат производи како што се лосос, сардини, туна, кефир, кисела павлака, јогурт. Кикирики, ореви, путер од кикирики...

Од зеленук, се лук, брокула, целер, цвекло, карфиол, магдонос, а од овошје ананас, грозје, лимон, лубеница. Им се советува да одбегнуваат говетско, месо од кокошка, пилешко, а од овошје авокадо и банани, објаснува др. Питер во својата книга “Исхрана по крвни групи“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk